Од денеска до 28 август трае четвртиот Балкански камп за млади „Ванчо Николески“

Од денеска до 28 август во охридско-струшкиот регион се одржува четвртиот по ред Балкански поетски камп за млади „Ванчо Николески“. Учествуваат свтори од Украина, Бугарија, Албанија, Хрватска и од Македонија.

– Особено се радувам на ваквите настани затоа што со нив се збогатува културната понуда на Охрид и се разменуваат ставови и искуства на млади пишувачи на убавиот збор од повеќе земји. Во време на дигитално општество, кога социјалните мрежи стануваат доминантни на комуникациски план, станува реткост да се прочита проза или поезија од пишуван труд. Пишувањето и читањето се особено значајни во процесот на социјален развој на единката и затоа секогаш треба да се преферираат и негуваат, истакна градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, на отворањето на фестивалот.

Учесниците на кампот ќе посетат неколку убавини на околината на Охрид, а меѓу првите посети е Вевчани.

Претходна вестКовачевски очекува дека не 80, туку 120 пратеници ќе гласаат за уставни измени
Следна вестЌе ги замрзне ли Владата маржите за цената на струјата како што моли бизнисот за да преживее?