Од денеска до среда Денови на црногорската култура во Македонија

Денеска се отвора првата изложба во рамки на Деновите на црногорската култура во Македонија во холот на Филозофскиот факултет во Скопје.

Како што соопшти Матица на Црногорците во Македонија, манифестацијата ќе трае до среда, 3 март, и е организирана во соработка со Истражувачкиот центар Монтенгрин. На Филозофскиот факултет денеска ќе биде организиран и омаж посветен на професори и студенти на овој факултет со црногорско потекло.

Во рамки на Деновите на црногорската култура ќе има уште две изложби – утревечер од 18 часот во Музејот на македонската борба ќе биде отворена „Медова – 105 години сеќавања“, а в среда напладне во Кинотека – изложбата „Црногорски филмски плакат“ на авторот Миомир Матовиќ од Подгорица.

Претходна вестСкопски градоначалници, што направивте за градот освен ДУП-овите за да растат згради?
Следна вестПрв мартовски ден пол со сонце, но и слаб северен ветер