Темен режим Режим на светлина

Казна од 40 евра за користење мобилен додека поминувате на пешачки, од денес важат новите измени во законот

Од денеска почнуваат да важат новите измени во Законот за безбедност во сообраќајот – пешачењето со телефон во рака или преминувањето пешачки со тротинет веќе не е „ситница“, туку прекршок кој се плаќа.

Ако преминувате пешачки со мобилен телефон на уво или во рака – казната е 40 евра.

Ако возите тротинет, мотор или трактор со користење електронски уред – казната е 50 евра.

Законот ги обврзува пешаците да се движат внимателно и без користење уреди кои го намалуваат вниманието при преминување коловоз или велосипедска патека.

Од Нова година ќе следуваат и уште поригорозни казни за возачите – за минување на црвено и непрописно паркирање, а контролата ќе се врши преку камерите од проектот „Сејф сити“.

Во повеќе европски земји ваквите правила одамна се воведени – во Франција казната за користење тротинет на тротоар е 135 евра, во Литванија пешак со телефон на пешачки плаќа до 40 евра, а во Данска и до 140 евра.

На Балканот, Македонија сега важи за една од земјите со најригорозни правила за пешаците и корисниците на тротинети.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Променливо облачно со локални врнежи од дожд

Времето денеска посвежо со повремени врнежи од дожд

Следна објава
МВР упорно одзема возила, а некои возачи се упорни во возењето без дозвола, кој ќе изгуби во „пресметката“?

Во Штип 20-годишник нападал полицаец