Од денеска нема скијање на Попова Шапка, ќе се чека нов снег

Ски центарот Попова Шапка на својата Фејсбук страница информира дека од денеска нема да биде во функција.

Прекинот е поради високите температури и немањето соодветни услови за скијање.

Ски центарот нема да биде во функција до нови врнежи на снег, велат надлежните на скијачкиот центар.

Висината на снежна покривка вчера во 7 часот, според Хидрометеоролошкиот завод изнесувала 30 сантиметри во Маврови Анови, 12 во Крушево, 10 на Попова Шапка.

Претходна вестСончево со мала облачност
Следна вестВоздухот во Скопје и утрово нездрав за дишење