Темно Режим Светло Режим

Од хотел во Градскиот парк одзеле сеф со пари, уапсени двајца скопјани

Две лица од хотел во Градскиот парк во Скопје одзеле сеф со пари. Двајца се уапсени, а едниот претходно бил баран со потерница.

– Денеска, во 00.15 часот, на подрачјето на Центар, полициски службеници ги лишиле од слобода Е. К. (38) и С. Р. (55), двајцата од Скопје, поради тоа што на 9.7.2023 од хотел во Градскиот парк во Скопје одзеле сеф со пари. При извршена проверка кај Е. К. биле пронајдени и одземени бела прашеста материја, како и алати, со кои е извршена тешката кражба, а притоа било констатирано дека се барал по централна потерница од Казнено-поправната установа „Затвор – Прилеп“ за доиздржување казна затвор од 4 години и 9 месеци.

По целосно документирање на случајот, од страна на ЕВР Центар и Бит-пазар ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Претходниот Пост

Жена тешко повредена во сообраќајка додека возела мопед

Следниот Пост

Рибокрадци од Албанија, ловеле со мрежи во Охридското Езеро