Од каде ова црнило сега? Дали навистина автомобилите најмногу го загадуваат Скопје?

Изутринава околу 6 часот, скопјани на социјалните мрежи алармираа за црн чад кој излегува од некоја од фабриките кај Кисела Вода. Фотографијата е направена од страната на Аеродром, но чадот е од објект од Кисела Вода.

-Од каде е ова црнило сега?
-Зошто ние граѓаните ниту еднаш транспарентно не слушнавме која фабрика работи со полн капацитет, што испушта во воздухот, во која мера тоа загадува или не е?
-Полно од загадувачите кои во неколку наврати ги обоија реките и предизвикаа помор на риби поминаа само со парични казни, никој не одговараше, веројатно и за овој чад ќе биде истата песна… коментираат скопјани.

Слични вакви фотографии се појавија на социјалните мрежи околу 15 март, од РЕК Битола, која пак со години ги остави битолчани да дишат загаден воздух, што предизвикува канцерогени последици и разни генетски мутации и пореметувања на органите. Револтот стана дотолку поголем кога јавноста дозна оти Македонија односно нејзините граѓани, освен што се трујат можеби ќе треба и да плаќаат за тоа, ако земјава биде казнета оти Секретариојатот на Енергетската заедница покрена постапка против неа. Постапката е заради неисполнување на горните граници на националните планови за намалување на емисиите, за 2018 и 2019 година.

-Сега и ќе си плаќаме за услугата благодарение на неспособноста на тие што ги плаќаме тоа да го средат. А тие со години нè убедуваат дека проблемот бил сложен и ете работат, а тоа што нема резултати, не е важно, тоа за нив е релативна категорија која може да се перцепира во зависност од тоа дали си власт или опозиција.Главен виновник во приказнава е РЕК Битола, која нели во минатото само што не постави електростатски филтри за прашината, а за сулфур диоксидот не ни имаа намера во скоро време да направат десулфуризација. Дека скапо. Е па сега и за прашината и за сулфур диоксид ќе се плаќа, реагираа тогаш од О2 иницијативата.

Посочуваат и дека владата ќе треба аргументирано да се подготвува за да ги брани „приказните за чист воздух“ пред
лицата од Секретаријатот на Енергетската заедница, во спротивно казните ќе треба сите да ги плаќаме.

Претходна вестДенеска 687 новозаразени, но затоа дури 46 починати од ковид
Следна вестИ српскиот композитор Симјановиќ ја загуби битката со ковид 19