Од Норвешка обезбедени 25 респиратори, од Кина се очекуваат уште 30

Обезбедени се 55 респираторни машини за потребите на македонското здравство. Ова го информираше вицепремиерот Бујар Османи.

Тој појасни дека од Норвешка се обезбедени 25 респиратори и тие сега се во депо во Турција и се бара решение за нивен транспорт во Македонија. Обезбедени се и 30 респиратори од Кина со средства на ЕУ, од првите четири милиони кои ги обезбеди Делегацијата на ЕУ, а ќе се купуваат преку УНДП.

Вицепремиерот објасни и дека НР Кина позитивно одговорила на нашето барање за обезбедување на респиратори, но не можело да се каже точната количина на респираторни машини кои ќе се добијат од билатералната соработка бидејќи, како што рече, во моментов 100 земји го бараат исто.