Од пикавци и искри од жици гори во Штипско, Струмичко, Скопско, Битолско, Охридско, Тетовско, Кумановско и Велешко

Од Центарот за управување со кризи денеска го соопштија пресекот на активни пожари до 8:30 часот при што потенцираа дека е активен пожарот во Делчево, и истиот, заедно со Пехчево е третиран како едни од најголемите пожари.

Во текот на вчерашниот ден имало 18 пожари во Скопје од кои 17 се целосно изгаснати. Останат е пожарот во Сарај, кој се спуштил од Тетовскиот регион од Желино и движејќи се кон селата Раовиќ и Буковиќ зафатил добар простор од Јасен.

Пожарот во Охрид е целосно локализиран кај Косел и село Расино. Пожарот во Велес, населба Дорутовец  е исто така локализиран, како и во селата Лозарци, Рожден и Мрежичко.

Од ЦУК состојбата ја оценуваат како стабилна, но и понатаму ќе ја следат и доколку има потреба Оперативниот штаб на ЦУК, дополнително ќе настојува да помогне во распределба на ресурси, човекови и материјални средства.

Во оваа битка не сме сами , туку, имаме странска помош, со донирање на свои ресурси, човечки и материјални, во справувањето со пожарите кои беснеат во државата.

До овој момент странска помош која е пристигната е тимот од Србија, со четири хелокоптери кои први дојдоа на помош, тимот од Бугарија, со 25 пожарникари и шест специјализирани возила за гаснење на пожари, тимот од Словенија, со 45 лица, медицинска екипа, 11 противпожарни и транспортни возила и специјализирани екипи опремени со сите можни ресурси, австрискиот тим составен од 140 лица, 16 специјализирани возила, медицински тим, амбулантно возило, 14 камиони, 9 приколки и друга дополнителна опрема за гаснење на пожари.

Догорчињата се едни од главните причинители и од ЦУК ги замолуваат пушачите секоја цигара што ќе ја испушат, да ја изгаснат.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, на денешната прес-конференција информираше дека во некои случаи, пожарите се предизвикани од искри од жици на бандери и изјави дека во тек е изработка на барање до ЕВН за да ги проверат нивните системи за дистрибуција на електрична енергија.

Претходна вестКај нас има 167 случаи на заразени кои се вакцинирани со две дози против ковид, 11 се во болница
Следна вестСе враќа „пеколот“ од 40 степени