Од пладне без вода се дел од корисниците на Кеј 13 Ноември

Поради скината цевка кај Дрво декор во општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улиците „Битолска“ и Кеј „13-ти Ноември“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 13:00 часот до санирање на дефектот, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Претходна вестОпштина Центар со хуман гест – бесплатен паркинг за лицата со оштетен слух на сите паркинзи на ПОЦ
Следна вестСрбија ги замрзна цените на основните прехрамбени продукти во следните 60 дена