Од полноќ дизелот поевтин за 2,5, а бензините за половина денар

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ од полноќ се намалува за 2,50 денари, а на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за 0,50 денари по литар. За 2,00 денара поевтинува и Екстра лесното масло за домаќинство, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Според одлуката на РКЕ, литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 93,5 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 96 денари за литар. Литар ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В), пак, ќе се продава за 96 денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,806 ден/кг и ќе изнесува 49,189 ден/кг.

Претходна вестКому и да му притреба – добива македонски пасош, ќе одговара ли некој за тоа?
Следна вестБилетите за Финска и Азербејџан од 150 до 200 денари