Од понеделник почнува голема акција за бесплатно собирање кабаст отпад во Аеродром

Општина Аеродром од понеделник почнува голема акција за бесплатно собирање кабаст отпад на целата територија на општината што ќе трае до крајот на септември. Во соработка со ЈП за комунални дејности на Општина Аеродром, на повеќе локации ќе бидат поставени садови каде што граѓаните ќе можат да го оставаат својот стар и дотраен мебел.

Акцијата ќе започне од населба Мичурин каде што в понеделник на 29 јули садовите ќе бидат поставени на улица „Анастас Митрев“ зад паркот до трансформаторот, и на улица „Венјамин Мачуковски“ до трансформаторот кај Железничка станица.

Потоа, на 30 јули, вторник, жителите на Острово својот кабаст отпад ќе можат да го оставаат на улица „Владимир Комаров“ бр. 9 до контејнерите, како и на „Владимир Комаров“ број 16 зад ТЦ „Скопјанка“.

Кабастиот отпад е планирано да се собира речиси до крајот на септември, а жителите за сите локации и датуми можат да се информираат на следниов ЛИНК:

http://aerodrom.gov.mk/…/juli…/LOKACII%20I%20DATUMI.jpg

Ваквата акција се спроведува со цел да им се излезе во пресрет на аеродромци бесплатно да го отстранат стариот мебел од своите домови.

Истовремено, Општина Аеродром најавува дека во наредниот период во голема мера ќе ги зајакне инспекциските контроли на терен. Доколку се забележи дека граѓани фрлаат кабаст и друг вид отпад на локации што не се наменети за тоа ќе се применуваат најстроги казни за таквото несовесно однесување.

 

 

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Омилената агенција на СДС Рејтинг има добиено 10 милиони евра да ја велича СДС
Следна вестФилипче: Згрешивме со измените на Кривичниот законик