Од утре до сабота традиционалните студентски средби „Скомрахи” во драмски театар

24

Од утре до сабота традиционалните студентски средби „Скомрахи” во драмски театар

На Факултетот за драмски уметности од утре до 8 ноември ќе се одржат Студентските средби „Скомрахи”, со учество на студенти од повеќе европски драмски академии.

„Годинашните средби, целосно се конципирани и програмирани од студентите на ФДУ, кои се инспирирани од желбата да се откријат нови реалности и алтернативни перспективи за уметноста, театарот и човековото постоење.

Под мотото „Друг свет”, фестивалот го истражува просторот помеѓу имагинарното и реалното, границите на телото, идентитетот и сцената”, наведува организаторот.

Сите настани ќе се одржуваат во Драмскиот театар.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестОпштина Центар со мерачи ќе лови кафулиња што прават голема бучава
Следна вестМеџити од денеска го презеде раководењето на Чаир