Од утре по социјална помош и детски додаток, но по азбучен ред

Од утре почнува исплатата на помошта за социјална, детска и цивилна заштита за февруари која ќе може да се користи веднаш од утре.

Оние кои имаат дебитна картичка ќе можат да ја подигнат готовината на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.

За да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита во услови на пандемија, за корисниците на оваа помош кои не користат картички исплатата ќе биде во две групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, по азбучен ред, според првата буква од презимето:

-утре, на буквите А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ,

-в петок на буквите М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Претходна вестБританска мутација детектирана кај еден од двајцата што биле во Занзибар
Следна вестГолф терени поважни од сообраќајната сигнализација во Горно Лисиче