Од утре: Вакцинирани, со негативен ПЦР тест или со антитела можат во Грција преку Богородица

Премиерот Зоран Заев попладнево на својот фејсбук профил објави дека граничниот премин Богородица – Евзони кон Грција од утре се отвора за сите македонски граѓани, кои имаат негативен ПЦР тест, писмен доказ за примени две дози вакцина против ковид-19 или позитивен резултат за антитела.

За ова тој добил потврда од грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Границите на Грција, веќе една година се затворени за државјани на трети земји, меѓу кои и за македонските државјани. Одлуката беше воведена лани, за време на првиот карантин во март, а оттогаш се продолжува на секои две седмици. Прекуграничните поминувања беа само за одредени категории граѓани.

 

Претходна вестНа автопатот Велес-Скопје-Куманово казнети 77 возачи за пребрзо возење
Следна вестРакометниот клуб Вардар е прв финалист во Купот на Макдеонија