Home ПЕНАЛ Одбојкарите утре патуваат во Полска на мегдан против Украина

Одбојкарите утре патуваат во Полска на мегдан против Украина

0
Одбојкарите утре патуваат во Полска на мегдан против Украина

Јошко Миленковски селекторот на машката репрезентација ги одреди патниците за Лоѓ, каде во сабота нашите одбојкари го започнуваат своето деби во Европската Златна лига.

Одбојкарите утрово го одработија претпоследниот тренинг, па останува уште попладневниот, по што утре заминуваат за Полска, каде ќе го одиграат првиот натпревар во силната конкуренција против репрезентацијата на Украина.

Иван Андонов и Костадин Ричлиев се двајцата одбојкари кои ќе останат во Скопје, додека на списокот од 14 одбојкари на кои Миленковски ќе смета за дуелот со силната украинска репрезентација се најдоа:

Никола и Ѓорѓи Ѓорѓиеви, Филип Деспотовски, Дарко Ангеловски, Васе Михаилов, Филип Маџунков, Филип Савовски, Филип Лепидовски, Славе Наков, Александар Љафтов, Владо Милев, Стојан Илиев, Лука Костиќ и Ангел Бошков.

Натпреварот со Украина ќе се игра во сабота од 19 часот, а Македонија за противници во Б групата ќе ги има и селекциите на Белгија и Хрватска, против кои првите средби ќе ги игра на домашен терен во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.