Одбојкарките редат порази во Европската сребрена лига

56

И во својот петти натпревар на своето деби во Европската сребрена лига македонската женска одбојкарска сениорска репрезентацијапретрпе пораз.
Овојпат избраничките на селекторот Стефан Пауновиќ загубија од Рига од селекцијата на Летонија со резултат 3:0.

Првиот сет домашните одбојкарки го освоија со 25:19, вториот со 25:17, а третиот кој донесе најголема неизвесност со 31:29.

На овој меч бевме блиску да го освоиме првиот сет во ова натпреварување, во третиот сет дури пет пати имавме водство од четири поени разлика, последното беше 17:21, но противникот не се предаваше, направи пресврт и го реши натпреварот во своја полза.

За Македонија најефикасна беше Тамара Стојанова со 11 поени, а на спротивната страна доминираше Марта Камелија Левинска со 19 поени.

На табелата во групата „А“ нашата селекција сигурно ќе биде на последното четврто место, моментно е без бодови, а последниот меч ќе го има на 17 јуни на гостувањето кај Австрија.

Претходна вестПовреден е полицаец, изгубил контрола и со возилото излетал од патот
Следна вестПронајдена бомба на улица во Радовиш