Темен режим Режим на светлина

Одбраната ни беше беспрекорна против Белгија, кажа Столе Димитриевски

Македонската репрезентација се враќа од Белгија со бод по нерешениот меч (0:0), а голманот Столе Димитриевски ја истакна одличната игра во одбраната.

„Беше тежок натпревар, Белгија имаше силна офанзива и постојано нè притискаше. Но, одбраната ни беше перфектна. Игравме без грешка и го исполнивме планот“, изјави Столе Димитриевски.

Гледајќи кон следниот меч против Казахстан кој се игра во понеделник во Скопје, Димитриевски додава:

„Од првиот натпревар во квалификациите сме фокусирани на победа. Натпреварот ќе биде тежок, но играме дома пред нашата публика. Потребен ни е одмор и добра подготовка за да ги освоиме трите бода.“

Македонија во понеделник на Арената „Тодор Проески“ ќе го пречека Казахстан, со цел да ја задржи лидерската позиција во групата и после октомврискиот квалификациски прозорец.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Голема акција во тек: Објекти во Струмица и поранешен „Охис“ под контрола на полицијата

Маж од тетовско вознемирувал малолетничка, па откако нејзината мајка пробала да разговара со него, тој ја нападнал

Следна објава
Релативно топло време со врнежи во западните делови

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди и засилен северен ветер