Одложено и третото рочиште за случајот со родилката од Дебар

Ново, трето по ред, одложување на рочиште за случајот со родилката Јилдиз Веапоска од Дебар, на која и беа отстранети три органи, се случи денеска во Основниот суд во Струга. Причина за одложувањето е хируршката интервенција врз адвокатот на обвинетите. На обвинителна клупа се директорот на струшката болница и гинеколог доктор Мухамед Асани, неговиот син д-р Блертон Асани и уште една лекарка гинеколог од истата болница, со обвинение дека при укажување на лекарска помош примениле очигледно неподобно средство и начин на лекување врз пациентката со што предизвикале влошување на нејзината здравствена состојба. На денешниот процес требаше да сведочи медицинска сестра на барање на обвинителството

Оштетената Веапоска денеска изјави дека постапката се одолговлекува од почетокот и оти ова одлагање е купување време, но очекува дека еден ден правдата ќе биде задоволена.

– Постапката се одолговлекува уште од самиот почеток, уште од Лекарската комора и од Министерството за здравство, па се до тука. Колку и да се одложува еден ден ќе дојде крајот, мислам дека правда треба и мора да има за овој случај, рече Веапоска.

Таа доаде дека сака законски да одговараат за тоа што останала без матка, јајник и бубрег. Веапоска истакна дека се лекувала на психијатрија и оти здравствената состојба се повеќе и се влошува психички и физички, а во меѓувреме имала и друг оперативен зафат во кој и била отстранета жолчката.

Претходна вестФранција можно е да забрани објавување на фотографии од деца на социјалните мрежи
Следна вестПретрес кај битолчанец, пронајдена дрога и вага