Одлуката за заштита на Водно продолжува во владина процедура

Министерството за животна средина и просторно планирање до Владата ќе поднесе Одлука за прогласување на дел од од планината Водно за заштитено подрачје во категорија V – заштитен предел со дополнување кое ќе ги опфати обврските и мерките согласно прописите за заштита од ерозија.

Од Владата ќе се побара да ги задолжи надлежните органи и единиците на локална самоуправа доследно да ги исполнат барањата од останатите релевантни прописи за да се обезбеди заштитата на сите ерозивни подрачја во државата.

Од МЖСПП велат дека ги завршиле консултациите со јавноста, технички координативни средби со претставници на Градот Скопје и на министерствата за земјоделство, за транспорт и врски и Центарот за управување со кризи, за дополнително да се преиспита постоечката регулатива за заштита на подрачјето од аспект на ерозија, поплави, безбедност и прeспределбата на обврските и наделжностите помеѓу локалната самоуправа и централната власт.

Претходна вестУтре и в сабота повеќе автобуси кон Бутел
Следна вестВикендов свежо, од понеделник се стоплува