Одобрени 17,7 милиони евра за енергенси за парно греење во Скопје

Одобрени се 17,7 милиони евра за набавка на енергенси за парно затоплување во Градот Скопје, соопшти вчера Владата по одржаната седница. Во соопштението се наведува дека Владата на вчерашната седница одобри средства за ликвидно работење на друштвата и континуирано снабдување со топлинската енергија на потрошувачите на Град Скопје.

-Донесена е Одлука за одобрување 1,1 милијарда денари за набавка на енергенси, пред почетокот на грејната сезона, на АД „Електрани на Северна Македонија”, согласно Одлуката за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија. Граѓаните на Скопје да бидат спокојни, испораката на топлинска енергија во претстојната сезона нема да биде доведена во прашање, се наведува во соопштението.

Се додава дека се обезбедува непречено снабдување со топлинска енергија на градот Скопје и сигурност и стабилност при испораката на топлинска енергија до потрошувачите.

Претходна вестЌе прават ли склекови кандидатите за војници во АРМ пред штабот на СДСМ во Арачиново?
Следна вестКоја е тактиката на македонското МНР во неширењето етничка нетрпеливост?