Одреден притвор за таткото на Урош кој го изврши масакрот во Младеновац

Во Вишото јавно обвинителство Смедерево денеска бил извршен распит со Радиша Б.(54), таткото на Урош Б.(21), кој минатата недела уби осум и рани 12 лица во селата кај Младеновац, Србија.

Тој на рочиштето во обвинителството ја негирал вината.

Обвинителството по рочиштето предложило да му се одреди притвор до 30 дена.

Притворот му е одреден поради сомнение дека ќе се меша во постапката со влијание врз сведоците чие испитување претстои во истрагата и дека ќе го повтори кривичното дело, како и поради вознемирување на јавноста.

Да потсетиме, при апсењето на таткото осомничен за масакрот во селата кај Младеновац, запленето е големо количество оружје.

Претходна вестЕурофарм Пелистер прв финалист во македонскиот ракометен Куп
Следна вестОблачно со сончеви периоди и попладневен дожд