Одрон на Плетвар, сообраќајот во прекин

Поради одрон и полава сообраќајот на Плетвар е во прекин. На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледа големиот одрон и колона возила.

На снимките објавени на приватни рпофили се гледаат големи наноси и вода која носи камења и земја.

„Од 05:55 часот регионалниот пат Росоман-Прилеп, кај местото викано Трите ленти е затворен засообраќај поради одрон на патот“, соопштија од АМСМ.

Засега нема информции колку време ќе биде потребно за расчистување и нормализација на сообраќајот.

Претходна вестБугарски фудбалер со нагмечен череп по судир на репрезентативните автобуси во Грузија
Следна вестСДСМ: Мицкоски ги поткопува македонските позиции во однос на Бугарија