Одрон на земја усмрти работник при ископ на канализација

87

Затрупување со поголемо количество земја при ископот на канализација е причината за загинувањето на градежен работник во селото Бела Црква, во општина Кривогаштани.

– Денеска при ископ на канализациона мрежа во селото Бела Црква (Општина Кривогаштани) животот го загубил 63-годишен работник. Тој бил ангажиран за вршење на работи од фирма од струшкото село Велешта. Од полицијата известија дека работникот бил затрупан од одрон на поголемо количество земја и починал на лице место – се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Јавниот обвинител издал наредби за обезбедување на траги и предмети кои можат да послужат како доказ и наредил да се изврши обдукција на телото на починатиот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестМицкоски со пратеници ќе оди кај Пендаровски за да види врз основа на што го додели мандатот на Заев
Следна вестСкопски пожарникари извадија безживотно тело на жена од Пчиња