Одзела картичка од пациент и си пазарела со неа

Кривична пријава ќе биде поднесена против вработена во Градската општа болница „8-ми Септември“, соопшти полицијата.

МВР информира дека полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош во полициска станица денеска извршиле службен разговор со С.С.(53), вработена во Градската општа болница „8-ми Септември“.

-Таа се сомничи дека од С.М., додека бил на лекување во болницата, одзела платежна картичка и пазарела во повеќе продажни објекти, по што ја вратила картичката. Во службениот разговор таа го признала делото. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопшти МВР.

Претходна вестМилевски: Одлични тестови за да ги видиме нашите можности
Следна вестСкопјанка направи карамбол: Со „пежо“ прегазила полицаец и удрила во две возила