Oдѕивот на парламентарните избори надмина 50 отсто

Десеттите парламентарни избори завршија во Македонија со одѕив од 50,86 отсто. На гласање излегле 922.678 гласачи од обработени 3.466 избирачки места од вкупно 3.480.

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски, рече дека очекува бројот да се зголеми со оглед на тоа што овие податоци се од петнаесетина минути пред затворањето на гласачките места.

Најголем одѕив има во Четвртата изборна единица – 59,79 проценти, а најмал и понатаму останува одѕивот во Шестата изборна единица со 39,23 проценти. Во Првата изборна единица одѕивот е 52,17, во Втората е 47,97 проценти, во Третата – 57,31 и во Петтата – 50,16 отсто.

Општини со поизразен одѕив во Првата изборна единица се Карпош со 53,73 отсто, Аеродром со 51,74 отсто, Кисела Вода со 52 ,77 отсто, Македонски Брод со 70, 09 отсто, Сарај со 52,02 отсто, Сопиште со одѕив од 59,55 отсто, Центар со 52,72 отсто и Чаир со 47,58 отсто.

Во Втората изборна единица поголем одѕив ДИК бележи во Арачиново – 47,21 отсто, Бутел – 50,67 отсто, Гази Баба со 50,69 отсто, Ѓорче Петров со 51,91 отсто, Старо Нагоричане со 53,64 отсто и Шуто Оризари со 33,58 отсто.

Во Третата изборна единица со вкупен одѕив од 57,41 отсто, поголем одѕив е забележан во Берово – 63,36 отсто, во Велес – 53,08 отсто, во Делчево – 58,67 отсто, во Штип – 56,65, 55,15 во Петровец, 72,32 отсто во Крива Паланка и Илинден со 52,44 отсто.

Во Четвртата изборна единица со вкупен одѕив од 58, 85 отсто, поголем одѕив бележат Василево – 58,07 отсто, Гевгелија – 69,25 отсто, Демир Капија со 69,47 отсто, Кавадарци со 62,53 отсто, Прилеп – 61,23 отсто, Неготино со 69,95 отсто и Струмица со 57,15 отсто.

Во Петтата изборна единица се издвојуваат Битола со 56,57 отсто, Дебар со 40,28 отсто, Кичево со 51,58 отсто, Крушево со 70,21 отсто, Ресен со 48,72 отсто, Струга со 41,92 отсто и Охрид со 54,63 отсто.

Во Шестата изборна единица Тетово има одѕив од 45,53 отсто, Гостивар има 37,9 отсто, Брвеница има одѕив од 39,64 отсто, Јегуновце – 45,81 отсто, делот од Кичево во „шестката“ има одѕив од 37,25 отсто и Врапчиште има одѕив од 31,09 отсто.

Претходна вестДо 17 часот излезноста стаса до 38,78 отсто
Следна вестЧулев: Приведени се осум лица, биле фотографирани ливчиња…