Ограбен манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Кривогаштани

41

Ноќта помеѓу 22 и 23 април бил ограбен манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во селото Обршани, Општина Кривогаштани. Информацијата за грабежот е објавена на фејсбук-страницата на манастирот.

-Во текот на ноќта манастирот ‘Успение на Пресвета Богородица’ е ограбен. Секој кој ќе го препознае сторителот да ги извести членовите на манастирскиот одбор, стои во објавата на фејсбук-страницата на манастирот објавена на 23 април.

На фејсбук-страницата на манастирот е објавена и видеоснимка од безбедносните камери во верскиот објект, на кои е документирана кражбата. На снимката се гледа како маж со фантомка влегува во објектот, се упатува до масата каде што се вршат продажбите на свеќи и со себе ја зема фиоката со пари.

Според видеоснимката, настанот се случил во 3 часот по полноќ на 23 април.

Освен снимката, манастирот на својот фејсбук-профил објави и фотографија од лицето за кое постои сомнеж дека го извршило грабежот и апелира доколку некој го познава, да го извести манастирскиот одбор.

Од МВР засега нема информации за настанот.

Претходна вестМицкоски за Кочани: Ако јавниот обвинител одлучи дека мене треба да ме приведат, нека ме приведат
Следна вестПретседателот на ФФМ, Омерагиќ на отворањето на регионалната канцеларија на УЕФА во Истанбул