Ограбена е црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во центарот на Скопје. Грабежот се случил пред неколку дена.
– Вчера во 11:00 во СВР Скопје било пријавено дека во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ која се наоѓа во центарот на Скопје, на 11.01.2024 во 17.00 часот од страна на едно непознато лице биле украдени работи од собата за крштевање, информираат од МВР.
Од МВР соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.




