Две лица го нападнале обезбедувањето на казино во Скопје па го ограбиле. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
– На 03.06.2023 во 07.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино на ул.„Јадранска магистрала“, две лица со закана од вработените одзеле пари, при што едното со тврд предмет физички нападнало вработен како обезбедување во казиното, информираат од МВР.
Од МВР велат и дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.