Ограбил девојче откако и се заканил со нож, полицијата го уапси

Полицијата вчера на улицата „Манапо“ во Скопје го и лишиле од слобода 68-годишниот скопјанец Ф.А. поради кражба.

Како што соопшти денеска МВР, Ф.А. се сомничи дека вчера околу 18.10 часот на улица Мраморец со закана со остри предмети одзел чанта од 17-годишно девојче од Скопје.

-Кај него биле пронајдени острите предмети и одземеното. Лицето било задржано во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се додава во соопштението на МВР.

Претходна вестГолемата дупка го затвори патот Каменица – Делчево, санацијата до вторник
Следна вестПробиени тестовите: Матуранти на „вибер“ група со 7.000 матуранти споделувааат прашањата по англиски јазик