Темно Режим Светло Режим

Ограбиле обложувачница во Ченто, испукале куршум, направиле сообраќајка и избегале

Ограбена обложувалница во скопската населба Ченто. Имено, хаос се случувал синоќа кога две лица ограбиле спортска обложувачница, а на излегување од објектот испукале еден кушум.

Од МВР информираат дека разбојниците веднаш по грабежот заминале со автомобил и на улицата „Фуштанска“ удриле во патничко возило „Мицубиши“ по што го оставиле нивниот автомобил и побегнале.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходниот Пост

Македонските кошаркари победија, но естонските ќе одат на ЕП

Следниот Пост

ЕУ ја одобри вакцината „Астра Зенека“ за сите возрасти