Охрабрувачко: Мозочни импланти му помогнаа на парализиран човек повторно да оди

Четирисетгодишниот Холанѓанец, Герт-Јан Оскам, кој останал парализиран по велосипедска несреќа пред 12 години, може повторно да оди, едноставно размислувајќи за тоа, благодарение на електронските мозочни импланти, прво медицинско помагало од овој тип. Вели дека му го променило животот.

Електронските импланти на безжичен начин ги пренесуваат неговите мисли на нозете и стапалата преку втор имплант на ‘рбетот.

Системот сè уште е во експериментална фаза, но водечка добротворна организација за ‘рбетниот столб во Велика Британија го нарече „многу охрабрувачки“.

– Се чувствувам како мало дете, кое повторно учи да оди, изјави Оскам за „Би-Би-Си“. Сега може да стои и да се качува по скали. – Тоа беше долго патување, но сега можам да станам и да пијам пиво со мојот пријател. Задоволство е што многу луѓе не го сфаќаат, додава тој.

На откритието, кое беше објавено во списанието „Нејчр“, работеа швајцарски истражувачи. Проф. Џоселин Блоч од Универзитетот во Лозана, е неврохирургот која во 2021 ја водеше сложената операција за да ги вгради имплантите и потенцира дека системот е сѐ уште во истражувачка фаза и многу години далеку од тоа да биде достапен за парализираните пациенти.

Но, вели, целта на тимот е да го извади од лабораторијата и да влезе во болниците што е можно поскоро.

Претходна вестОпштина Арачиново денеска не работи поради „безбедносни причини“
Следна вестКовачевски за споредбата меѓу Русија и Бугарија: Што имав да кажам тоа го кажав пред 46 членки на Советот на Европа