Охридскиот градоначалник Пецаков реагира: Ова на Охрид шо му го прајте немат смисла..

Реакција против затворањето на влезот во Охрид поради изградбата на автопатот кон Кичево упати денеска охридскиoт градоначалник Кирил Пецаков на својот профил на Фејсбук. Тој укажува дека е неприфатливо на почетокот на туристичката сеозна возилата да се насочуваат по стариот пат.

-Ова на Охрид шо му го прајте немат смисла. Ниту идеја, ниту желба уш помалце реализација. Седум години не помрдна „автопатов“ сега на почеток на туристичка сезона 45 дена го затворате влезот на Охрид и се пренасочува цел сообраќај по стариот пат, пат кој нема капацитет да прими толкава голема бројка на возила и хаосот кој ќе го создадете е неминовен, објави Пецаков .

Ток додаде дека не е испочитувано тоа што општина Охрид беше против затворање на влезот во Охрид во овај период, и што имаше негативно мислење од Општина Охрид, негативно мислење од СВР Охрид.

-Си издадовте сами на себе дозвола за пренасочување на сообраќај, сега јавно го повикувам министерот за транспорт, министерот за внатрешни работи и премиерот, да ја сменат одлуката и да овозможат нормален проток на возила во тек на туристичката сезона, а по завршување на сезоната да одпочнат со градежните активности. Без разлика шо не почитувате локална самоуправа, во неколку наврати го докажавте тоа и исто во неколку наврати низ годиниве влечите одлуки директно на штета на Охрид, овде сепак треба да покажите чувство и ова лудило веднаш и одма да прекине да важи!, побара тој.

Инаку, поради реконструкција на автопатот, влезот во Охрид ќе биде затворен во наредните 45 дена и во градот ќе се влегува преку стариот пат.

-Поради реконструкција на коловозот, сообраќајот на патниот правец Подмоље-Охрид на магистралниот пат А3, од вчера е пренасочен преку регионалниот пат Р-1208“, потврди АМСМ и додаде дека е поставена соодветна сигнализација.

Претходна вестЕксплозија во фабрика за ракети во Анкара, најмалку пет лица загинале
Следна вестЗагина велосипедистка во Прилеп, во неа удрил автомобил