Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог против нвоспитувачка во градинка која удрила дете и го повредила.
Таа се товари за кривично дело – Насилство врз дете од член 201-а од Кривичниот законик.
Настанот се случил на 1 сепрември лани, кога 48-годишната воспитувачка во градинка во Автокоманда, додека го делела ручекот за децата во групата, со метална супена лажица го удрила детето по главата, нанесувајќи му телесна повреда – нагмечно-расцепна рана на темето, информираат од Јавното обвинителство.