Околу 20 автомобили утринава се испокршени и уништени во катна гаража позади трговскиот центар „Буњаковец“, дознава „Фокус“.
Во објавата се наведува дека автомобилите во катната гаража се со скршени стакла, скршени предни и задни шофершајбни, уништени врати… Се уште официјално не е позната причината – што точно се случило, но од Министерството за внатрешни работи за „Фокус“ го потврдија случајот.
-На 22.07 во 07.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во катна гаража во близина на трговски центар на подрачјето на Центар имало оштетено неколку возила. На лице место излезени полициски службеници и се работи на расчистување на случајот. се наведува во одговорот од МВР.
Порталот Скопје Унфо објави дека инцидентот го сторил маж на возраст од околу 40 години, со нарушено ментално здравје и во алкохолизирана состојба. Според информациите, тој се обидел да излезе од паркинг, по што удрил во паркирано возило. Веднаш потоа излегол и ги оштетил сите околни возила кои биле паркирани во катната гаража.
Фото: Фокус