Темен режим Режим на светлина

Олимпијакос апсолвиран, Цеље е следниот противник на ракометарите на Охрид во ЕХФ Европскиот куп

Охрид блесна во Атина, убедлива победа над Олимпијакос Охрид блесна во Атина, убедлива победа над Олимпијакос

Ракометарите на Охрид се во полуфиналето на ЕХФ Европскиот Куп. Тие и на реваншот го победија тимот на грчки Олимпијакос со 25-24, и обезбедија пласман меѓу најдобрите четири тима во ова натпреварување, каде што противник ќе им биде словенечки Цеље.

Во првото полувреме, освен на почетокот, Охрид држеше постојана разлика од 1 до 3 гола, но во второто полувреме, пред крајот, Олимпијакос дури и поведе. Сепак присебноста на охрдиските ракометари со постигнување на неколку гола по ред, им донесе минимална победа за да го заверат пласманот во полуфиналето во оваа ЕХФ натпреварување.
Најефикасен кај Охрид беше Иванковиќ со осум голови, Јагуриноски постигна четири. Кај Олимпијакос Савас постигна пет голови.

Во првиот меч во Атина, Охрид славеше со пет голови разлика.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Полицијата бркала сомнително возило на автопатот кај Градско, при претрес пронашле 65 кг. марихуана

Полицијата бркала сомнително возило на автопатот кај Градско, при претрес пронашле 65 кг. марихуана

Следна објава
Денес се слави католички Велигден

Денес се слави католички Велигден