Оливер Спасовски позитивен на корона вирус, има благи симптоми

Позитивен на корона вирус е министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Оваа вест тој ја објави на Фејсбук при што наведе дека клиничката слика му е добра, со благи симптоми и веќе е во домашна самоизолација.

-Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките коишто ги преземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, вечерва добив позитивен резултат за ЦОВИД-19. Клиничката слика ми е добра, со благи симптоми и веќе сум во домашна самоизолација. Чувајте се, наведе Спасовски синоќа во објавата.

Претходна вестДали зградата на ЕСМ каде барокот е сопрен ќе биде ново седиште на Град Скопје?
Следна вестДенеска се слави Света Петка, но се слушаат и апелите да нема големи групирања по домовите