Оливера Бикова со светско злато на СП во стрелаштво во Абу Даби

Прво место и златен медал на Светското првенство во стрелаштвото утринава освои Оливера Наковска Бикова, една од нашите најистакнати параолимпијки. Бикова, предводена од нејзиниот тренер Бранимир Јовановски и асистентот Драган Дојчиноски, го освои златниот медал на Светското првенство во стрелаштво во Ал Аин во Абу Даби и титулата светски шампион во дисциплината П4-Пиштол слободен избор.

Нејзниот тренер Брнаимир Јовановски објави дека во квалификациите Оливера испука одличен резултат од 538 (најдобар во нејзината кариера) со што го освои второто место и си обезбеди пласман во финале, иако почетокот на мечот не го наговестуваше тоа. Тој наведе дека Оливера во продолжение на натпреварот значително ги подобрила своите перформанси и со изедначениот личен рекорд во оваа дисциплина, сигурно зачекорила во финалето.

-Во самото финале, Оливера по првите пет истрели се најде на второто место на табелата, а веќе по завршување на втората серија од пет истрели ја презеде лидерската позиција и успеа да ја идо крај, до последниот кутршум, иако финалето беше драматично и мошне квалитетно. Останува да и честитаме на Оливера за големиот успех, за себе, за нејзиното семејство, за својата спортска федерација и за достојна афирмација на својата држава во светот, објави Јовановски.

Претходна вестБилетите за Финска и Азербејџан од 150 до 200 денари
Следна вестМВР: Градоначалникот Костовски да не шири дезинформации кои ги вознемируваат граѓаните