Омерагиќ му посака добредојде на Николче Новески

16

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го назначи поранешниот репрезентативец Николче Новески за раководител на скаутинг службата.

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, истакна дека назначувањето на Новески е голем придонес за федерацијата. „Задоволство е што ваков професионалец прифати да биде дел од нашиот тим, заедно со Пандев, Христов и Ибраими. Верувам дека со неговото искуство, авторитет и познавања ќе изградиме систем кој ќе донесе нови имиња во нашите селекции. Нашата мисија е јасна – ниеден фудбалски талент со македонско потекло да не остане незабележан“, изјави Омерагиќ.

Со назначувањето на Новески, ФФМ ја засилува стратегијата за откривање и развој на млади фудбалски таленти во Македонија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестОтворена власт во пракса, Министерството за енергетика ги објавува сите договори, кажа Божиновска
Следна вест(ВИДЕО) Напаѓачот на Арсовска осуден на две години затвор