ОН: Децата во Газа немаат друг избор освен да пијат солена вода

Децата се соочуваат со катастрофална ситуација во Газа, а родителите немаат друг избор, освен да им дадат солена вода, соопшти агенцијата за детска помош на ОН, УНИЦЕФ. Тоби Фрикер, портпарол на УНИЦЕФ, изјави за Би-би-си дека недостигот постоел во Газа и пред сегашниот конфликт да биде „подигнат на ново ниво“.

-Една жена од нашиот персонал има четиригодишно и седумгодишно дете, а таа само се обидува да ги заштити девојчињата, да ги одржува во живот секој ден. Таа зборуваше за тоа како пијат само солена вода, додава тој.

Запрашан за резервите за помош што сега би можеле да влезат во Газа, Фрикер рече: „Имаше резерви, но тие беа многу мали. Кога ќе ги видите огромните потреби на теренот што ги имаме, треба да ги има уште многу, многу, многу повеќе“.

Фрикер повика на „итен хуманитарен прекин на огнот“ и зголемување на помошта за Газа „на трајна основа“.

-Она што сега го гледаме на дневна основа е дека децата се убиваат и се повредуваат, рече тој, а потоа додаде: „Тоа е приоритет број еден – да се заштитат животите на децата и да се одржуваат децата во живот“.

Претходна вестИзмамени две жени, платиле за дрва на маж, тој ги замал парите и повеќе не се вратил
Следна вестБанката не смее да наплатува за затворање платежна сметка, дебитни и кредитни картички