Во војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас во просек на секои 10 минути е убиено по едно дете, а две деца се повредени, соопшти денеска канцеларијата на ОН во Женева повикувајќи се на податоците на Палестинската агенција за бегалци (УНРВА).
ОН вчера објавија дека речиси 4.000 деца загинале во Појасот Газа од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас на 7 октомври и предупредија дека ситуацијата за децата во областа е катастрофална.