Опасна дупка ја нарушува стабилноста на мостот кон Драчево

Голема и опасна дупка ја загрозува стабилноста на мостот над Маркова река пред скопската населба Драчево. Ова било констатирано од екипите на Центарот за управување со кризи откако вчера во доцните попладневни часови до Центарот за управување со кризи стигна пријава од загрижен граѓанин. Тој известил дека на средината на мостот над Маркова Река пред скопската населба Драчево во првиот дел од мостот постои голема дупка што претставува опасност за безбедноста на возилата што се движат по овој мост.

Од страна на ЦУК е веднаш известено ЈП „Улици и патишта“ Скопје, Општина Кисела Вода, Град Скопје и Министерството за внатрешни работи (МВР).

-Од страна на ЈП „Улици и патишта“ доцна синоќа дупката е обележена. Оваа дупка претставува опасност самата по себе доколку некое тешко товарно возило или автобус згазне врз неа. Но, истата оваа дупка најверојатно ја нарушува статиката на мостот, а со тоа и неговата безбедност, се наведува во соопштение на ЦУК.

Токму од овие причини ЦУК апелира до надлежните институции итно да превземат соодветни мерки и дејства со коишто ќе го обезбедат овој мост и ќе ја гарантираат безбедноста на граѓаните.

ЦУК ги повикува сите граѓани, кои ќе забележат било каква опасност што може да го загрози нивниот живот или здравје, да ја пријават на бесплатниот телефонски број 112.

Претходна вестПијана негователка во Домот за доенчиња и мали деца во Битола врзала едно од децата за кревет
Следна вестИнфлацијата во еврозоната достигна 8,1 отсто во мај, ЕЦБ ги зголемува каматите