Операта „палјачи” вечерва на сцената на националната опера и балет во Скопје

24

Вечерва на сцената на Националната опера и балет со почеток во 20 часот
ќе биде изведена операта „Палјачи” од италијанскиот композитор Руџеро
Леонкавало.
Приказната за љубовта, страста и одмаздата, преточени во операта
„Палјачи” на нашата сцена ќе се изведе под диригентската палка на
гостинот од Унгарија, Кочар Балаж, а во режија на Дејан Прошев.
Со незаборавната арија „Vesti la giubba”, ова ремек-дело го допира секое
срце и потсетува дека и зад маската на насмевката може да се крие болка.
„Палјачи” претставува едно од најемотивните и најизведуваните оперски
дела во историјата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестМицкоски: Инвестиции во нова железничка линија и градски воз за почист воздух
Следна вестМногу конференции дека треба да има пошумувања, а малку се сади