Општествено одговорни: Болница доби донација во апаратура од „Спорт Лајф“

Донација од неопходна апаратура во Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување-КАРИЛ. Имено, познатите обложувалници „Спорт Лајф“ подарија два монитора за следење витални параметри со два модула за мерење инванзивен притисок.
Двата монитора ја имаат функцијата за следење на виталните параметри на пациентите, мерење крвен притисок, пулс и пулс оксиметрија, инванзивен притисок и ЕКГ. Со оваа донација, се подобруваат условите на КАРИЛ и можноста за следење на здравствената состојба на пациентите.
– „Спорт лајф“, како општествено одговорна компанија ги поврзува спортот и хуманоста во едно, потенцираше претседателот на Управниот одбор на „Спорт лајф“ групацијата, Горан Павиќевиќ.
Дали и колку ваквите потези ги следат и другите фирми? Општествената одговорност е нешто што не треба да се става под тепих.