Општина Аеродром и во Ново Лисиче ќе го прошири зонското паркирање

Вчера во Општина Аеродром започна реализацијата на проектот „Зонско паркирање“ кој ќе се реализира во две фази и се очекува да заврши до крајот на годината, соопшти ова скопска општина. Проектот се прави по барање на граѓаните, а како резултат на заложбите на општината за воведување ред во паркирањето и сообраќајот и по надминување на административните пречки.

-Проектот ќе се реализира во две фази и се очекува да заврши до крајот на годината. Првата фаза опфаќа формирање и обележување на паркинг зони на булеварот „Јане Сандански“, како и улиците „23 Октомври“, „Ангел Димовски“ и „Коста Новаковиќ“, а втората фаза ќе ги опфати Реонски центар и Ново Лисиче, по завршување на анкетата која ќе се спроведе во следниот период, соопштуваат од Општината.

Претходна вестМеѓународната агенција за атомска енергија: Иран има доволно ураниум за три атомски бомби
Следна вестАвтомобил паднал во бездна, еден починат и двајца повредени