Општина Аеродром ќе доделува финансиска помош на социјално загрозените лица

Социјално загрозените лица од Општина Аеродром кои се најпогодени од финансиската и енергетската криза добиваат месечен надомест како финансиска помош за октомври, ноември и декември, најави ова скопска општина.

За таа цел, објавен е Јавен повик за доделување парична помош, на кој заклучно со 14 октомври, ќе можат да аплицираат социјално загрозени лица кои се најпогодени од енергетската и финансиската криза.

-Овој пакет на парична помош опфаќа месечна субвенција за електрична енергија за социјално загрозени лица, парична помош за субвенционирање на дел од трошоците за топол оброк и/или трошоците за ужинка за ученици од основни училишта кои се од социјално ранливи категории и еднородителски семејства со месечен личен доход до 18.000 денари, како и месечна парична помош за пензионери приматели на пензија во висина до 10.300,00 денари, се наведува во соопштението.

Сите подносители треба да се жители на Општина Аеродром, а деталите за јавниот повик може да се најдат на следниот линк http://aerodrom.gov.mk/vest/9000.

Претходна вестБитолчанец за седум месеци ограбил неколку станови и берберница
Следна вестМоторџија тешко повреден по сударот во Чаир