Општина Аеродром: Возила од други градови истовараат кучиња-скитници на наше подрачје

Проблемот со кучиња-скитници на подрачјето на општина Аеродром се зголемува со нивното донесување од други градови, алармира денеска скопската општина Аеродром. Во објавата на општинската Фејсбук-страница се наведува дека жителите досега повеќе пати ја забележале таквата појава.

-Во претходниот период пристигнаа многу пријави за истоварање на голем број кучиња скитници во нашата општина од товарни возила со регистарски таблички од други градови, со што проблемот во Аеродром се зголеми, се наведува во објавата.

Инаку, општина Аеродром најави дека започнала системски да го решава проблемот со бездомните животни во Аеродром.

-Во рамки на договорот за соработка со ЈП „Лајка“, општината ќе издвои над 1 милион денари за ефикасно решавање на овој проблем. Преку оваа соработка со јавното претпријатие ќе ја подигнеме на безбедноста на граѓаните, но и ќе воспоставиме  долгорочен и ефикасен систем за хуман третман на бездомните животни.  Оваа одлука доаѓа по забелешките кои пристигнуваат до општината и фактот дека неопходно е што побрзо решавање на овој проблем, се наведува во информацијата.

Претходна вестСловенец на патот Кичево – Охрид…
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски да не се плаши да каже дали Ковачевски му се заканувал