Општина Аеродром започна со есенската дератизација

Општина Аеродром деновиве го почнува спроведувањето на есенската дератизација за уништување на глодачите на целата нејзината територија.

При дератизацијата ќе бидат опфатени 3.000 шахти, со 9.000 мамци, а ќе бидат вклучени сите основни училишта и градинки во Општината, информираат од локалната самоуправа.

Есенската и пролетната дератизација претставуваат мерка за заштита на населението од појава и ширење болести што ги пренесуваат глодачите.

Претходна вестМисајловски во Пентагон: изразено задоволство за подготвеноста за справување со предизвиците како членка во НАТО Алијансата
Следна вестСиљановска Давкова: Секој кој знае право знае дека во Договорот за добрососедство и пријателство нема одредба која што вели дека треба да се смени Уставот