Општина Центар: Не помогнаа ни глоби ни казни за гласната музика од Интермецо, овој проблем треба да се реши долгорочно

89

Поддршка на петицијата на граѓаните кои живеат во непосредна близина на клубот Интермецо и останатите локали лоцирани на улицата „Народен фронт“ искажа денеска Општина Центар и градоначалникот Горан Герасимовски. Станарите бараат ефективна интервениција на МВР и Државниот пазарен инспекторат и останатите институции за да им се реши проблемот со гласната музика, нарушениот ред и мир, дивеењето и отежнатиот сообраќај на делот од улицата каде се наоѓаат угостителските објекти.

-Ние, како општина, ги презедовме сите правни механизми што ни се достапни! Не помогнаа ни глобите ни казните. Овој проблем треба да се реши долгорочно а за тоа е потребна е координација и притисоци од страна на сите надлежни институции, вели Герасимовски.

Општина Центар петицијата ја проследи до МВР, Министерството за економија и труд, Министерство за животна средина и просторно планирање, Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за животна средина, и побара да се одржи итна средба за решавање на проблемот на засегнатите станари.

На барање и поплаки на жителите за прекумерна бучава, Општина Центар во повеќе наврати го санкционираше спорниот локал со глоби, опомени и забрани за вршење дејност.

-Инспекциската служба на општината и натаму ќе продолжи со санкционирање на сите угостителски објекти кои не го почитуваат законот, но за долготраен успех потребна е соработка на сите надлежни институции, се вели во соопштението.

Претходна вестСпасен кумановец од „жив песок“ на реката Пчиња
Следна вестПрво регистрирање на лоби организација во Македонија