Инсталирање на уреди за мерење на бучавата од кафулињата на територијата на општина Центар, денеска најави градоначалникот Горан Герасимовски.
Тој кажа дека уредите што ќе ловат кое кафуле прави висока бучава, ќе
почнат да се поставуваат оваа недела. Внимателно се одбрани местата каде
што имало најмногу поплаки од граѓаните во минатото.
Герасимовски најави дека овие мерачи ќе се постават на 30 локации.
Жителите на Општина Центар со години се жалат на бучавата од кафулињата
не само за време на викендите, туку и во работни денови.



