Општина Гази Баба инфомира дека продолжува со активната реализација на инфраструктурни проекти во урбаните и руралните делови на општината, насочени кон подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Во таа насока, во изминатиот период беа изведени две активности:
-Изградба на пристапни патеки во населба Железара
Во насока на подобрување на пристапноста и безбедноста на движење за пешаците, особено за постарите лица и лицата со попреченост, Општина Гази Баба изгради нови пристапни патеки во населбата Железара. Патеките се изведени со висококвалитетни павер елементи, што обезбедуваат трајност, стабилност и модерен изглед.
-Асфалтирање и уредување на улица со павер елементи во населба Ченто
Во населба Ченто беше целосно уредена и поплочена една од локалните улици со павер елементи. Со овој зафат се овозможува побезбедно движење, како и подобра инфраструктурна поврзаност за жителите од овој дел на општината, се вели во соопштението
Од општината додаваат дека овие проекти се дел од континуираните напори на локалната самоуправа за подобрување на урбаната средина, како и за подигнување на стандардот на живеење преку уредени и функционални јавни простори.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



